Непријатни вести за Украинците: Крим е непробојна тврдина – Русите создадоа уникатен систем на одбрана

496

Русите формирале комплетен одбранбен систем на Крим со кој што целосно се контролира Црното и Азовското море.

Ова го потврди Вадим Скибитски, портпарол на главната разузнавачка управа при министерството за одбрана на Украина, пренесуваат тамошните медиуми.

Украинската разузнавачка служба тврди дека на Крим постојат сите сили и средства на руската армија за контролирање на небото над полуостровот.

„На Крим се доставени нови оружја и нова опрема. Вклучени се анти-бродски ракетни системи и системи за воздушна одбрана. До денес, постои понатамошна изградба на воздушната одбрана. Тоа се системите „С-400“ и „Панцир“. Тие се сега во борбена готовност и формираат еден уникатен воздушен одбранбен систем над Црното и Азовското море“, изјави воениот службеник.

Според неговите зборови, но и според видеата и фотографиите кои што се појавија на социјалните мрежи, Русија веќе има распоредено единици на анти-бродскиот систем „Бал“ на брегот на Азовското море.

Тој додава дека Русија има ново оружје кое што не било достапно до 2014-та година, а тоа се разурнувачи, подморници опремени со системите „Калибар“, анти-бродски системи, борбени авиони и единици на борбени хеликоптери.

„Ова е значајно групирање кое што овозможува не да го контролирате само Кримскиот полуостров, северниот, западниот и источниот дел на Црното море, туку ви овозможува и целосна контрола на Азовското море“, изјави Скибитски.