Претпоставете дека не знаете колку години има и погледнете ги нејзините фотографии.
Верувале или не, станува збор за 54-годишната Кетрин Фулоп, познатата актерка од Венецуела која ја обожува цела Латинска Америка.
Освен што изгледа неверојатно добро за своите години, Кетрин секогаш со гордост истакнува колку години има, но и дека секојдневно вежба, се грижи за своето здравје и очигледно има добра генетика.
Последната фотографија која ја објавила на својот профил на Инстаграм предизвикала вистински хаос од коментари и за само 9 часа добила речиси 100.000 лајкови.
Дека вежбањето во младоста е кредит за староста, истакнува и оваа латино дива, која секојдневно на својот профил на Инстаграм им дава совети на жените ширум светот