Најбрз тест за коронавирус: За само 15 минути од капка крв се открива присуството на антитела

283

Франција се надева дека набрзо ќе го зголеми својот капацитет за дијагностички тестови за коронавирусот и ќе премине од 9000 на 30000 единици дневно во рок од неколку недели,

Претпријатието NG biotech (НГ биотек) нуди брз тест на крвта. Наменет најпрво за медицинскиот персонал, тој треба да им овозможи да откријат дали се имунизирани од Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Тестот е развиен од „НГ Биотек”, со седиште во Бретања, претпријатие специјализирана од 2012 година во тестови за брзо откривање на антимикробна отпорност. За само 15 минути, од капка крв, новиот тест развиен со ЦЕА и Јавна Помош -Болници на Париз, може да му даде серолошки статус на пациентот. Со други зборови, да го открие присуството на антитела и да каже дали лицето е имуно на САРС Ков 19.

Ракувањето со тестот е крајно едноставно, едноставно како тест за бременост, освен тоа што крвта ја заменува урината.

-Овој тест е единствен од овој вид. Тестот во себе вклучува апарат за боцкање на прстот и собирач на крвта. Доволно е да се заглави врвот на прстот и да се стави капка крв на лента што реагира, на специфичните антитела на коронавирусот во присуство на две капки реагенси. Промена на бојата ви овозможува да знаете дали лицето има развиено имунитет. Дури и да не кога не било болно. Ова е уште поинтересно, бидејќи за „Ковид-19″ голем дел од заразените лица остануваат асимптоматски. Тие не знаат дека се „природно вакцинирани” против оваа болест, објаснува Милован Станков-Пужес, основач и извршен директор на „НГ Биотек”.

Тестот „е потврден во болниците на АП-ХП (париските болници): Кремљ Бисетр и Пол Брус во Париз, Ларибоизие и Парли 2″, продолжува Милован Станков кој има долгогодишно искуство во областа, откако работел особено во Абот и Мерие, две од најголемите светски лаборатории. Исто така, затоа што тие работат заедно веќе пет години, тие успеас да го постигнат овој брз резултат.

-Уште во јануари, кога видовме дека пристигнуваат првите случаи, моравме да ја искористиме нашата експертиза за откривање на отпорност на антибиотици на овој нов вирус. Брзото откривање ни се чинеше дека е голем проблем, па затоа ја преориентиравме нашата работа, вели Тиери Нас, ко-директор на лабораторијата Експертиза за видови на антеробактерии, кој работеше на ова заедно со Националниот референтен центар за антибиотска отпорност при Кремљ Биксер.

Благодарение на серотеката на лабораторијата, беше можно да се тестираат 250 серуми од пациенти заразени со САРС Ков 19 и да се измери ефикасноста на брзиот тест од страна на „НГ Биотек”. Резултатот: „количината на антитела понекогаш е доволна после 5 дена, но на 10 дена, ефикасноста на тестот е 70 отсто, а на 15 дена 98 отсто”, вели Тиери Нас.

Во болниците „Ларибозие” и „Парли 2″, службите за итни случаи користеле комплет, директно на пациенти кои пристигнуваат на ургентно со сомневање за „Ковид-19″.

Овој тест не е од иста природа како оние што се извршени досега на пациенти кои пристигнуваат во болницата. За да се открие вирусот во организмот, целиот свет ја користи техниката на назално земање примероци и засилување на вирусот присутен во секретите, пред неговата генетска анализа со ПЦР техника. Прилично сигурен метод кој сепак трае минимум 12 часа и бара лабораториска опрема, тој овозможува да се знае дали лицето го носи вирусот во моментот на тестирање.

Друга цел на серолошко тестирање, како што е развиено од „НГ Биотек”, е да се знае имунолошкиот статус на една личност. Тоа посебно се очекува на излезот од ограничувањата. Може да се замисли дека само имунизираните луѓе прво ќе можат да излезат надвор. Пред тоа, тој е наменет за медицински персонал.

-Ова ќе им овозможи да бидат посигурни кога одат на работа. Тие се на првата линија и покрај сите заштити, не постои нула ризик . Да се знае дека сте имуни значи потенцијално да имате поголема сигурност кога се грижите за заразени пациенти. Стравот од зараза доаѓа и од долгиот процес на облекување и заштита: мора да облечете блуза, ракавици, очила против проекција, заштитна капа, маска, наметки за чевлите, подвлекува Тиери Нас.

За Марк Елоит, шеф на структурата Откривање на патогени при Институтот Пастер, „на колективно ниво, овие тестови би можеле да ни овозможат да знаеме како вирусот циркулирал во популацијата”.

„НГ Биотек”, започна со производство и планира да произведе 120.000 тестови во април и да достигне до 6 милиони единици за 6 месеци. Претпријатие со 40 вработени веќе ангажирала уште 20 лица и ќе отвори второ место за производство.

-Денес тестот е наменет за здравствените работници. Дури и ако може да се користи за пациентите, рано е да им се понуди на поединци”, прецизира Милован Станков.

Други тестови треба наскоро да пристигнат на светскиот пазар. Во париската болница Кремљ Босетр, тимот на Тиери Нас моментно проценува десетина слични производи, кинески или корејски, а се очекуваат и наскоро и од САД.