Како поскапо да продадете користен автомобил

76

Продажбата на половен автомобил може да биде тешка и исцрпувачка задача ако не ги знаете овие неколку трикови како на користеното возило да му ја зголемите цената.

Автомобилот губи половина од цената штом ќе излезе од салон, а со секој изминат километар, неговата цена доплонително паѓа. Во првите шест години автомобилот губи и до 65 проценти од својата вредност. Потоа, стагнира, па во следните шест години автомобилот губи само 25 проценти од вредноста. Затоа, најдобро е да го продадете по 12-тата година.

Ако се решите да го продадете порано, бидејќи се плашите од дефект на старите возила, во право сте, но и не сте. Се иплаќа да се поправа стариот автомобил сè до границата кога цената на поправањето преминува околу 50-60 проценти од неговата преостаната вредност.

Од друга страна, шминката, односно разубавувањето на автомобилот, поправките на малите ситни оштетувања и трошоците за поправка и сервис по правило не се одразуваат премногу на цената на половниот автомобил кога се продава, па ако сте решени да го продадете, не трудете се попусто со шминкање.

Не треба ниту да се каже дека е нужно автомобилот да нема вдлабнатини или гребнатини, бидејќи веднаш губи на цена. Во однос на километражата, идеално е автомобилот да се продаде додека не поминал 100.000 километри. Исто така, треба да се сервисира на секои 20.000 километри или еднаш годишно.

Во овој контекст, идеално време да се продаде автомобилот по максимална цена е по три години употреба, под услов да не поминал 100.000 километри

Губење вредност
Во првите пет години автомобилите губат до 65% од вредноста. Значи, кој продава автомобил стар до пет години најмногу губи.

Помалку дефекти
Современите автомобили се составени од околу 20.000 делови, но тие се помалку подложни на дефекти отколку пред 20 години.

Регистрација
Во добра состојба, цената на користен автомобил најмногу се зголемува кога се продава со подолга важечка регистрација.

„Скапи“ поправки
Трошоците за неколку стотици евра за поправки годишно уште се пониски од трошоците за купување на нов автомобил.