Мајките кои имаат 3, 4 или повеќе деца знаат колку може тоа да биде тешко, но истовремено колку е прекрасен животот со секое од нив.
Да се биде мајка на повеќе деца има многу предности кои најчесто ги засенуваат тешкотиите со кои се соочувате на почетокот.
Предностите од тоа да се биде мајка на повеќе деца ги потврдуваат и експертите, а тие дури откриле и дека колку повеќе деца имате, толку подолго ќе живеете.
Научници истражувале група постари Австралијанки за да откријат како немањето деца (или нивниот број) влијае на животниот век на жената.
Се установило дека жените кои имале 2 деца, имаат 17% помалку ризик за смрт споредено со оние кои немаат деца.
Жените пак, со 3 деца, покажале 20% помалку ризик, а процентот се зголемувал како што се зголемувал и бројот на децата.
Па, кои се причините зад овој фантастичен ефект на мајчинството?
Истражување на експерти од Канада покажало дека жените со повеќе деца имаат побавен процес на стареење на клетките.
Постари теории покажувале дека жените кои раѓаат повеќе деца побрзо стареат, но новите истражувања го докажуваат спротивното, а се претпоставува дека високото ниво на естроген влијае како заштита на клетките.
Постои уште една теорија за поврзаноста помеѓу бројот на децата и долговечноста, a тоа е фактот дека социјалниот фактор и психологијата исто така играат улога.
Се верува дека социјалната средина во која мајката живее игра голема улога. Мајките на повеќе деца добиваат повеќе поддршка од пријателите и семејството, што позитивно влијае на нивната физичка и емоционална состојба, а тоа резултира со побавен процес на стареење.
Истражувања спроведени во Австралија покажале дека семејствата со 4 или повеќе деца добиваат најголемо задоволство во животот, а докторите се уверени дека тоа е заради меѓусебната поддршка во семејството, како и мирната психолошка состојба.
Иако додека се помали можеби е тешко, сепак, децата кога се повеќе си имаат друштво и занимација и стануваат полесно независни од мајките.
Што мислите вие за оваа теорија?