Процесот на трансформација не се случува одеднаш. Постојат многу мали чекори и од секој од нив имате некаква корист. Повеќето од нас живеат со поттиснат страв, во негирање, создавајќи си некаква удобност во тоа.
Ние користиме силни фиксни убедувања, мислења и навики за да го скриеме нашиот исконски бес, паника и болка, живееме вклучени на автопилот.
Но, не може вечно така. Процесот на промени вклучува еволуција на свеста од стравот кон љубовта. Тоа значи дека морате да ги растопите вашите стравови и да ги лечите емоционалните рани такашто ќе ги разберете. А тоа значи дека морате да се соочите со нив, да ги почувствувате и да ги декодирате, нешто од коешто повеќето луѓе бегаат како од ѓавол. Непотребно е да се каже дека можно е да се појават различни облици на немир. Избегнување и поттиснување на потсвесните блокади ќе ве исцрпи, а исцрпеноста може да направи да се чувствувате разочарани, немотивирани и без надеж.

Вие сте пред голем животен пресврт.
Последниот здив на негативност на патот кон промените се случува кога конечно ќе се изморите од бегање и контролирање. Застанувате, нема ништо што можете да направите. Процесот ве приморува да бидете присутни во она што се случува и да бидете самите со себе, со своите стравови и болка.
Бидете присутни во својот живот и дозволете работите да бидат онакви какви што се и на тој начин ќе бидете она што сте, ќе ја почувствувате вашата душа, која сѐ уште е присутна.
Тоа се случува кога ќе се нурнете во тишината и нефизичката реалност. Тогаш се отвора вашата интуиција. Сега вашата душа може да сјае. Разбирањето и сочувството го уништува стравот. Доаѓа до олеснување, опуштање и враќање на радоста.
Се чувствувате многу подобро.
Ова е пресвртот во процесот на промени кога умот се предава и предизвикува големо проширување на свеста.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



