Кафулињата да не работат по 18 часот – на Плоштад се поставуваат дрвени куќарки за продавање на пијалоци

660

Угостителските објекти се еден сериозен ризик за ширеше на коронавирусот и затоа го ограничуваме работењето до 18 часот, вели министерот за здравство Венко Филипче. Но од друга страна во Центарот на градот почна поставуваат дрвените штандови во кои ќе продаваат различни пијалоци и ќе се продаваат разни производи. Првично од Град Скопје порачаа дека оваа година нема да има дрвени куќарки, но сепак се предомисли. Од таму велат дека се уште не се знае каде точно ќе бидат поставени и која ќе виде одалеченоста на истите.

„Додека Владата размислува за затворање на локалите во 18 часот, Град Скопје отвара дрвени штандови каде граѓаните можат да се движат да купуваат различни предмети или пак да се напијат некој пијалок“, истакна репортерката на ТВ21.

Филипче вели дека не можат да ги забранат собирите. Но додадва дека огромен дел од оваа борба припаѓа на одговорноста, свеста и совеста на граѓаните.

„Интервенираме со забрани таму каде законот ни дозволува, а со препораки, онаму каде законот не ни дозволува. Ние пробавме со закон да ги забраниме и домашните собири и слави, но излезе дека тоа е противуставно. Мора да се свесни граѓаните оваа криза мора да се надмине, дека не треба да се собираат, не треба да се групираат. Точно е дека има инспекорати кои што можат да го контролираат и да го санскионираат“, истакна Венко Филипче.

Филипче смета дека новогодишната атмосфера може да ги понесе граѓаните затоа и одлучиле затворање на угостителските објекти.  Смета дека повеќе слободни часови по завршување на работното време се ризик граѓаните за тоа време може да се собираат по локалите.

„Очигледно е можно да се случат групирање на луѓето посебно во угостителските објекти имајќи во предвид дека доаѓаат новогодишните празници и новогодишната атмосфера ги понесува граѓаните“, додаде Венко Филипче.

Новите мерки со кои би се ограничило работењето на угостителските објекти до 18 часот, според Филипче, се доволни во предновогодишниот и новогодишниот период. Сегашните мерки, како што посочи, даваат резултат, а доказ за тоа е стабилизирањето на бројот на новодијагностицирани и падот на факторот на преносливост на 0,95. Со оваа мерка угостителите уште повеќе ќе бидат погодени. Парите што државата ги додели преку економските пакети, не им помогна директно на секторите за гастрономија и хотелиерство. Сопствениците одиграа улога на посредници меѓу државата и вработените за субвенционирање на платите, но тоа ним не им помогна директно иако и тие се погодени од кризата што ја предизвика пандемијата. Претседателот на Независната комора на угостители, Здравко Јосифовски, тврди дека од сите пари што државата ги доделила до сега, ниедна мерка не била само за хотелиерството и туризмот, со исклучок на четвртиот пакет кој се очекува да се спроведе.