Учителка доби отказ од училиште во американската држава Кентаки, откако се појави видео снимка на која може да се забележи како таа низ ходник влече 9-годишно дете со аутизам.
Локалните органи соопштија дека таа добила отказ во понеделникот, иако инцидентот се случил во октомври минатата година.
,,Учителката е отстранета од училиштето по формална истрага, а случајот е пријавен до надлежните органи”, изјавија надлежните во училиштето.
Мајката на момчето Енџел Нелсон изјавила за Си-ен-ен дека нејзиниот син бил извлечен од училницата откако имал ,,испад”. Таа на Фејсбук објави видео од сигурносните камери во училиштето на кои се забележува како учителката го држи детето за зглобот на раката и го влече низ ходникот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












