Крвопролевање во седиштето на “Sony” во Лондон: Итна евакуација поради напад со мачета, има повредени

194

Во седиштето на компанијата “Sony” во Лондон се случил напад со мачета, поради кој е евакуирана цела зграда.

Метрополитен полицијата соопштила дека при нападот се повредени две лица, но не е изјаснето дали тие се наоѓаат во животна опасност. Се додава и дека “нема докази за употреба на огнено оружје во овој инцидент”.

И “Скотланд Јард” потврдува дека две лица биле повредени, но и тие не навеле дали жртвите се витално загрозени или не, но очевидци снимиле како еден човек бил влечен на количка пред самата зграда.

Полициските единици и амбулантните возила ги преплавиле улиците, а еден корисник на Твитер напишал дека “напаѓачот е прикован за земја”, по што “Скотланд Јард” набрзо потврдил дека уапсиле еден човек.

“Дејли Мејл” наведува дека човекот кој бил “наоружан со мачетa” избол две лица и додава дека ужаснатите работници врискајќи истрчале од кантината на горниот спрат на седиштето на “Sony” во Кенсингтон, Западен Лондон.

Очевидците поставуваат фотографии и снимки од местото на злосторството на Твитер.

 

loading...