Јужнокорејките протестираат, велат мажите масовно ги снимаат голи

225

Јужнокорејките протестираат, велат мажите масовно ги снимаат голи

Во последните месеци на интернет се појавиле видеоснимки од камери кои тајно снимале полуголи или целосно голи жени во тоалети, школски соблекувални или на работни места и покрај забраната за дистрибуција на порнографија, пишува Си-ен-ен.

Јужнокорејските медиуми сé почесто пренесуваат слични случаи. Таквите видеа се појавуваат на порнографски сајтови, а некои ги користат на интернет како реклами за сајтови за проституција.

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

„Мажите ги снимаат жените, а потоа снимките ги објавуваат на интернет. Сите оние што го прават тоа треба да бидат строго казнети”, кажаа жените собрани на протестите на почетокот на месецот. Тие протестираа со маски.

Јужна Кореја е една од најнапредните технолошки земји во светот и се проценува дека дури 95 отсто од населението има паметен телефон или друг електронски уред. Во последниве години бројот на шпионски камери е зголемен, од околу 1 000 во 2010 година на 6 500 минатата година.

Многумина користат мобилни телефони за снимање, но исто така и мини-камери на запалки, часовници, клучеви или дури и вратоврски. Меѓу осудените мажи кои снимале со такви камери има универзитетски професори, лекари, свештеници и полицајци. За такво кривично дело може да се изрече парична казна или неколку месеци условна казна затвор, но демонстрантите сметаат дека казните не се доволно тешки.

Ова е третпат во два месеца жените да излезат на улиците во знак на протест поради неказнивоста на сторителите, главно мажи. Во јуни излегоа околу 20 000 жени, а еден месец подоцна околу 30 000.

loading...