“Сè што градеа тие се урна”: Инженер кој работел на изградба на мостот во Џенова тврди: Еве зошто дојде до смртоносната катастрофа

1005

Мостот Моранди се урнал поради големиот пропуст при изградбата на потпорни столбови поради кои конструкцијата не можела да ја издржи тежината на густиот сообраќај, тврди инженерот Саверио Ферари, кој работел за компанијата која го градела.

Тој недостаток и фактот дека властите не го пренасочувале тешкиот сообраќај на алтернативни насоки, се главните причини за смртоносната катастрофа, рекол пензионираниот инженер за италијанскиот весник “Corriere Della Sera”.

“Работев за компанијата “Кондоте”. Се сè рушеше кога тие беа вмешани”, рекол тој.

“Кога го градеа мостот, носечките столбови не беа направени така за да издржат земјотрес”, додал Ферари.

Рикардо Моранди, проектант на мостот според кој истиот го добил името, бил свесен за тоа и се жалел на градежниот тим, објаснува Моранди.

Според неговите зборови, тестирањата на издржливоста на носечките столбови биле изведени непрофесионално и мостот по само две години од пуштањето во сообраќај покажувал големи недостатоци.

“Моранди беше бесен на одговорниот инженер, му кажа дека мостот мора да има специјални носачи за да издржи”.

Тестовите траеле пет дена. Хемиската реакција на бетонот не може да заврши во тој рок, но тие сепак продолжиле да градат – вели тој.

Тоа, како и фактот дека “не можеле да ги пренасочат возилата на алтернативни насоки кога сообраќајот бил најгуст се причините поради кој мостот се урнал”, вели тој.

Од друга страна, поранешниот претседател на Институцијата ма градежни работници и специјалисти за мостови, Ијан Фирт, соопштил дека тој мост со должина од еден километар е изграден во 60-тите години, дека благодарение на стабилните основи останал безбеден, но и дека времето сигурно имало удел во трагедијата.

Потсетуваме, вијадуктот се урнал во вторникот во текот на невреме. 30-тина автомобили и три камиони паднале од висина од 45 метри. Според последните податоци, загинале 42 лица.