Јокиќ – Мареј за историја и финале на Запад за Денвер (ВИДЕО)

32

Денвер ќе се соочи со Лос Анџелес Лејкерс во финалето на Западната конференција во НБА плеј-офот откако направи историски подвиг и ја доби полуфиналната серија со Лос Анџелес Клиперс во седмиот решавачки натпревар. Денвер славеше со вкупни 4-3 во победи и вторпат во разигрувањето годинава се врати по негатива од 3-1 во триумфи.

Претходно тоа му успеа и против Јута. Денвер со тоа е првиот тим во историјата на Лигата кој успеал да се врати по ваква негатива двапати во еден плеј-оф. Лос Анџелес Клиперс од друга страна под водство на Док Риверс петти пат испаѓаат во конференциското полуфинале и остануваат и натаму да чекаат во клупската историја да биде запишан пласман во финале на Запад.

До одлучувачкиот тирумф, Денвер го предводеше тандемот Џамал Мареј-Никола Јокиќ. Мареј постигна вкупно 40 поени, а 20 уфрли во втората четвртина во која го предводеше тимот од негатива од 12 поени до само минус два. Потоа во следниот период, Денвер потполно ја презеде контролата, направи разлика која од крајот беше недостижна за „клиперс“ во чии редови Монтрезл Херл беше прв стрелец со 20 поени, Каваи Ленард постигна 14, а Пол Џорџ 10 поени.

&

Финалната серија на Западната конференција против Лос Анџелес Лејкерс, Денвер ја почнува в сабота во финалето на Исток пак, во драматичен прв натпревар, по продолжение од пет минути, Мајами поведе со 1-0 во победи бидејќи славеше над Бостон со 117-114. „Жешките“ се вратија од 14 поени негатива.

Клучните поени за Мајами ги постигна Џими Батлеер кој погоди 2+1 на 12 секунди до крајот од продлжението за предност од 116-114, потоа обидот на Џејсон Тејтум го блокираше Бем Адебајо кој потоа само го потврди триумфот. Батлер постигна 20, Џе Краудер 22, а Бем Адебајо 19 поени. Кај Бостон, Џејсон Тејтум имаше 30 поени и 14 скока, Маркус Смарт заврши со 26 поени, а Кемба Вокер постигна 19 поени. Вториот натпревар во серијата е на 18 септември.