Го сакала и кога живееле со 190 евра месечно, а сега “пливаат” во милиони

179

Еден од најпознатите боксери на светот, Конор Мекгрегор вчера го прослави својот 31-ри роденден, а покрај неоспорниот талент, го прослави и проблематичниот и бурен карактер, специфичната енергија, но и емотивната љубовна приказна која ја има со својата сопруга, Ди Девлин.

Пред да успее во суровиот, често и неправеден свет на спортот, Конор со години работел слабо платени работи и едвај успевал да скрпи крај со крај.

Времето воглавно го поминувал тренирајќи бидејќи верувал во својата цел, а неговата животна избраничка постојано му пружала морална и финансиска поддршка.

View this post on Instagram

Lol’s with my valentine ❤️

A post shared by Dee Devlin (@deedevlin1) on

Ди и Конор се запознале во 2008 година, кога Ирецот имал само 19 години и глава полна со соништа да стане светски шампион. Тој ја забележал Девлин во еден ноќен клуб и ѝ пришол, а во една прилика се присетил на таа средба: “Изгледаше како добра девојка, а јас сакам добри девојки”.

Бринетата, години подоцна признала дека Конор веднаш ја привлекол, а кај него најмногу го сака тоа што секогаш ја забавува и смее.

Од таа судбоносна средба, парот станал нераздвоен, а Ди потполно се согласувала со одлуката на Мекгрегор да стане ММА, а потоа и УФЦ борец. Уште во 2013 година, кога тој “експлодираше” на тогашната ММА сцена, Конор имал јасна претстава за нивната заедничка иднина.

“Го правам ова за да обезбедам иднина за моето семејство и мојата Ди. Еден ден, сакам јас и Ди да лежиме на плажа и да немаме ниту една грижа на светот. Затоа го правам ова. Сакам да бидам финансиски сигурен кога ќе имам деца”, изјавил Мекгрегор своевремено.

Со напорната работа и големиот труд, тој успеал во својата намера – денес буквално се “капе” во луксуз, а во повеќе наврати потврдил дека не би бил тука без Девлин.

“Живеевме во Ирска, 30 километри од Даблин во изнајмен стан од 188 евра кој го плаќавме од надоместите за невработеност. Немав работа бидејќи постојано бев во теретана. Верував дека ќе бидам шампион, а веруваше и таа. Веруваше во мене. И покрај недостатокот на пари, Ди се трудеше да ми припрема здрави оброци за да го одржувам дневниот режим. Таа тотално се посвети на тоа. Враќајќи се дома по исцрпувачките тренинзи, секогаш ми зборуваше: “Конор, во ред е, ти го можеш тоа”, изјавил Мекгрегор и додал:

View this post on Instagram

Summer ☀️

A post shared by Dee Devlin (@deedevlin1) on

“Работеше многу напорно во изминатите години и беше покрај мене кога немав ништо. Имав само сон за кој ѝ зборував. Горд сум што можам да ѝ обезбедам да не работи, да ѝ дадам сè што ќе посака и да патува низ светот. Многу долго сме заедно и поминавме низ различни работи”.

Круната на нивната љубов дојде во 2017 година, кога го добија синот кој го носи татковото име, а во јануари оваа година добија и друго дете за кое сè уште ништо не се знае.