Јоци: Власта си обезбеди ,,панцир” за до избори – фрли коска која ќе се глода во медиумите

798

Јорданка Ивановска Јоци:

,,До избори закажале 40 рочишта за ,,Рекет”, Зоки си прави селфија во Лондон, Кочо ќе одел во пензија, СДСМ си спремаат славје…..

И уште отсега можам да ви кажам, до избори – јавноста ќе чита само ,,рекетарски прикаски”. Тоа сериозно треба да ја загрижи на пример опозицијата.

Судењето за ,,Рекет” ќе ја блокира читачката критичка сцена, односно сериозни теми, со месеци, само ќе удираат во непробоен ѕид. Власта си обезбеди ,,панцир”.