Јирген Клоп уште пред две години му најави на Кутињо што ќе му се случи во Барселона

357

Филипе Кутињо кон почетокот на 2018. година пристигна како големо засилување во Барселона, но се уште не успеа да ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.

Барселона се обиде да го доведе Кутињо во летото 2017. година, но тогаш Ливерпул успеа да го задржи во своите редови. Меѓутоа, само половина година подоцна беше јасно дека Бразилецот оди во Барса и тоа за неверојатни 160 милиони евра.

Од Кутињо од првиот ден се очекува многу во каталонскиот клуб, но тој тие очекување се уште ги нема оправдано. Оваа сезона веројатно доби најголеми критии од сите фудбалери на Барселона и се повеќе се шпекулира за негово заминување.

Меѓутоа, многумина претходно му говореа дека заминувањето во Барса веројатно е погрешен потег, што на крајот и се испостави како точно ако се суди според неговиот досегашен престој во овој клуб.

Уште пред две години тоа најдобро го објасни Јирген Клоп кој му даде до знаење дека останувањето во Ливерпул за него е најдоброто што може да го направи, но Кутињо не го послуша.

„Остани тука и на крајот ќе ти направат статуа пред „Енфилд“. Ако отидеш на друго место како Барселона, Баерн или Реал тогаш за нив ќе бидеш само еден од играчите“, говореше Клоп тогаш за Кутињо.