“Ја прекинуваме соработката со БИП”: “Не успеавме, остануваме во Србија, но продолжуваме во друга насока”

195

Ве известуваме дека М6 ЕДЕН СРБ одлучи да го прекине договорот за деловна соработка за А.Д. БИП во стечај, се наведува во писмото кое до “Blic Biznis” го пратиле од оваа македонска компанија, а која е сопственик на белградски БИП.

“Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пивари во регионот и со ентузијазам тргнавме во обнова пред две две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која 180 години е симбол на Белград. За жал, без разлика на големите месечни вложувања, посветеност и ентузијазам, не успеавме, бидејќи со овој концепт нема можност за успех”, наведуваат сопствениците на БИП.

“Ќе продолжиме во различна насока со друг концепт. Можен е почеток на вложување во иднина со нови проекти во Србија. Им благодариме на сите субјекти потврдувајќи дека од 01.07.2019. започна процесот на подмирување на обврските кон вработените и сите доверители”, се наведува во писмото кое до “Blic” било пратено од М6 ЕДЕН СРБ.

Во писмото велат и дека “ова не значи дека ќе се повлечат, бидејќи на Белград му е потребно квалитетно пиво”.

Утрово е објавено дека БИП најверојатно ќе биде затворен многу брзо. На работниците во производството им се поделени откази, а што ќе биде со останатите и натаму е неизвесно.

loading...