Израелската армија соопшти дека бил откриен и уништен уште еден тунел за напади кој припадниците на либански Хезболах го ископале под границата.
Како што открија од израелските безбедносни сили, тунелот кој што бил ископан од селото Ајта Аш Шаб и навлегувал на израелска територија, биле кренат во воздух.
Припадниците на мировните сили на Обединетите нации во Либан – “UNIFL” однапред биле известени за уништувањето на тунелот, а од израелската армија повторно истакнаа дека ја сметаат Владата на Либан одговорна за овие тунели.
We have just destroyed another Hezbollah attack tunnel that was dug from Lebanon into Israeli territory. This is definitely one of the #ThingsImNotApologizingFor pic.twitter.com/us7qNKOIDg
— Israel Defense Forces (@IDF) December 26, 2018
„Ова е уште едно флагрантно прекршување на резолуцијата 1070 на Обединетите нации и суверенитетот на Израел“, стои во соопштението на израелската армија во кое се алудира на резолуцијата на Советот за безбедност со која беше ставен крај на едномесечната војна помеѓу израелската армија и про-ирански Хезболах во 2006-та година.
Во соопштението се додава дека војниците ќе продолжат со напорите да ги лоцираат и уништат тунелите на Хезболах. Инаку, операцијата наречена „Северен штит“ започна на почетокот на овој месец и од тогаш израелската армија пронајде и уништи неколку тунели преку кои исламистите планирале да влезат на израелска територија и да изведат терористички напади.
Израелците тврдат дека екстремистичката организација Хезболах исто така планирала да ги користи тунелите за почетен удар во идната војна против Израел. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху деновиве порача дека операцијата е речиси завршена.
Колку што е познато, израелската армија досега откри и уништи пет тунели под границата со Либан, а како што пренесува новинската агенција „АП“, силите на израелската армија работеле на уште неколку локации и тоа се случувало на израелска територија.