Дел од политичарите кои ги контактиравме 2019-та ќе ја дочекаат во Македонија, со исклучок на министерот за надворешни работи, Димитров кој овојпат приватно е во Холандија. Празниците за сите нив се можност повеќе време да се помине со семејството. Велат дека имале напорна година, но не помалку работа ги очекува и во Новата година.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска Новата 2019-та година ќе ја дочека со сопругот Божидар и ќерката Ада, најверојатно дома.
– На крајот на важна и напорна година, единственото нешто што го посакувам за празничните денови е шансата заедно да се будиме, јадеме, да разговараме и да се смееме!

Министерот Манчевски, новата година ќе ја прослави во Охрид, со семејството и пријателите.
– 2019-та ќе биде година на конкретни резултати, од кои бенефит ќе имаат сите граѓани. Ќе го пуштиме во употреба новиот портал за електорнски услуги и граѓаните ќе имаат свој електорнски идентитет. Ќе отвориме „Една точка за услуги“ и граѓаните ќе можат повеќе услуги да добијат на едно место. Ќе ги намалиме цените во роаминг со Бугарија, Грција, како и со земјите од Западен Балкан. Македонија ќе биде регионален центар за сајбер безбедност и претседавач со Регионалната школа за јавна администрација. На крајот, успехот и придобивките од сите започнати процеси ќе бидат заеднички. Среќни новогодишни и божиќни празници. Многу среќа и успех за сите граѓани на Македонија. Нека 2019-та ни биде година исполнета со успеси.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе ја помине во државата во друштво на најблиските.
– Празниците се за да се потсетиме дека секој ден во годината треба да ни е важен, да не инспирира и да не мотивира да направиме што повеќе еден за друг, за општеството и за самите нас-порачува таа.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров е во Холандија и таму ќе остане и за нова година со семејството информираат од неговиот кабинет.

Новата 2019 година за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, ќе ја дочека дома со најблиските.
– На сите граѓани на Република Македонија им посакувам во Новата 2019 година здравје, среќа и работни успеси. Македонија да ја следи напредок, благосостојба и стабилност.


![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

