Израел ги стави своите сили на границата со Либан како дел од операцијата „Северен штит“ со цел уништување на тунелите на групата Хезболах, објави „Спутник“.
Израелските одбранбени сили во вторникот на Твитер го објавија почетокот на операцијата за откривање и неутрализирање на прекуграничните тунели што Хезболах ги користи за да го нападне Израел од либанската територија.
Според „Хаарец”, израелските вооружени сили знаеле за плановите на Хезболах од 2006 година за изградба на тунели за напад на точки долж границата меѓу Израел и Либан за да спроведат напади врз еврејската држава. Обидот за изградба на тунел беше откриен во 2013 година, но не беше откриено местото на градење.
Веста доаѓа неколку дена откако Хезболах објави видео-снимка со закана дека ќе му се одмазди на Израел во случај на ракетен напад против групата. На снимката е лидерот на Хезболах, Хадер Хасан Насралах, кој го предупреди ИДФ: „Ако се осмелите да нападнете, ќе зажалите”.
Израел формираше специјален тим за да ги лоцира тунелите во 2014 година. Во 2015 година Израел почна да гради бариера на либанската граница и воспостави технологија за неутрализација на тунелите.
Портпаролот на ИДФ, Ронен Манелис, рече дека изградбата на тунелите на Хезболах на израелска територија е доказ за флагрантно кршење на израелскиот суверенитет.
„Имаме многу сериозна ситуација која го повредува Либан и граѓаните на Либан и ја сметаме либанската влада за одговорна. Имаме неоспорен доказ дека либанската влада не ја контролира границата. Иранските пари се за овие тунели “.
Израелските власти постојано го нарекоа Хезболах ирански терористички „продолжени раце”, истакнувајќи дека еврејската држава ќе продолжи да ги блокира обидите на Иран да ги користи Сирија и Либан како свои истурени бази за напади врз Израел.