Излезе пред еден месец, а веќе е најуспешниот филм на „Netflix“ за 2020 година

569

Филмот „Hubie Halloween“ на Адам Сендлер е најуспешниот филм на „Netflix“ за 2020 година – тој постигна неверојатен успех иако излезе на 7 октомври.

Сендлер во филмот глуми губитник кој на крајот станува најголема надеж на заедницата откако ќе им се случи застрашувачка Ноќ на вештерките.

Иако критичарите не беа наклонети кон филмот, се чини дека публиката не го дели нивното мислење. Според „Variety“, овој филм станал најгледаниот филм на „Netflix“ во САД помеѓу април и октомври оваа година.

Единствениот филм кој има повеќе прегледи е полското остварување „365 Days“ кој стана глобална сензација.

Успехот на „Hubie Halloween“ веројатно е последица на неколку работи како што е времето на објавување бидејќи повеќето Американци оваа година го прославија празникот во своите домови. Факт е дека се снимаат и сè помалку филмови на оваа тематика и гледачите од година во година им се враќаат на старите фаворити, а и Адам Сендлер сè уште го привлекува вниманието со својот хумор и актерство.