Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини предложи нацрт закон според кој организациите за спасување на бегалците во водите на Средоземното море, ќе мора да платат и до 5,500 евра за секој спасен мигрант.
Британски „Индепендент“ пренесува дека врз основа на нацрт законот предложен од десничарската партија на Салвини, хуманитарните бродови би плаќале од 3,500 до 5,500 евра за секој странец кој ќе го доведат на италијанско копно.
Во случај на италијанските бродови да се најдат бегалци кои се спасени на море, тие бродови би можеле да останат и без својата лиценца за работа. Невладините организации го критикуваа нацрт законот и порачаа дека станува збор за „напад на човечкиот живот“.

„Тоа е како да ги казнувате амбулантните возила затоа што ги доведуваат пациентите во болница“, изјави претседателката на италијанскиот огранок на организацијата „Лекари без граници“, Клаудија Лодезани.
Нацрт законот најпрвин мора да биде одобрен од италијанската влада, по што станува декрет. Декретот потоа ќе биде испратен на гласање во италијанскиот парламент.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











