Истражување: Големината на мозокот воопшто не е важна – eве од што зависи интелигенцијата кај поединецот

471

Човековата интелигенција помалку зависи од големината на мозокот, а повеќе од начинот на кој што тој е конструиран – тоа е заклучокот од меѓународната научна студија предводена од истражувачи од виенскиот Универзитет.

Научниците досега ја преувеличуваат врската помеѓу големината на мозокот и интелектуалните способности на самиот човек, објаснил Јакоб Питшинг – експерт за когнитивни науки и еден од авторите на истражувањето.

„За човечката интелигенција многу се позначајни распоредот на кортексот, средниот и малиот мозок, како и добрата врска помеѓу белата и сивата материја“, навел тој и додал дека величината е само церебрална маса и е помалку важна.

Питшинг и неговиот тим анализирале 88 претходни истражувања на оваа тема, во која што биле опфатени околу 8.000 случаи, а резултатите ги објавиле во списанието „Neuroscience & Biobehavioral Reviews“.

Научниците исто така потврдиле дека мажите кои што генерално имаат поголем мозок од жените, со ништо не докажале дека имаат понапредни когнитивни способности од понежниот пол.

Учесниците во истражувањето чиј мозок бил многу поголем од просекот покажале послаби резултати на тестовите за интелигенција, напоменал експертот.

Како доказ дека структурата на мозокот е најзначајна, Питшинг го навел китот, без оглед на огромниот мозок кој што е тежок девет килограми, не важи за претерано интелигентно животно.