„Ме силуваше познаник кога имав 18 години“ – Познатата дизајнерка со потресна исповед

961

Познатата дизајнерка Верица Ракочевиќ за прв пат во јавноста прозборе за траумата која што ја доживеала кога имала само 18 години. Имено, нејзин познаник ја силувал, а креаторката до ден денес жали што не го пријавила во полиција.

„Многу лошо искуство доживеав кога имав 18 години. Тогаш ме силуваше познаник. Никогаш не се срамев поради тоа, тоа е негов срам. Жал ми е само што не го тужев, сега гледам дека тоа е мојата најголема грешка, раскажала Верица.

„Личноста која е спремна да силува некого нема желба за интимен однос. Таквата личност сака да биде доминантна и да се изживува над послабите. Немам друго објаснување. Кога се случи тоа на никој не кажав. Сметав дека сама треба да се изборам со она што го доживеав и така и беше. После тоа некое време немав доверба во мажите, но се текот на времето повторно ми се врати, додала дизајнерката.