СП 2018: Играчите од Премиер Лигата најдобри голгетери на Мундијалот во Русија

130

Фудбалерите од англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига постигнале речиси половина од головите во групната фаза на Светското првенство во Русија.

Од 122 гола во 48 натпревари досега, 31 беа постигнати од играчите кои играат во елитното првенство во Англија, а 29 во Шпанија. Четири други голови се постигнати од фудбалери во втората лига на овие две земји.

Премиер лигата има двајца топ-стрелци: Хари Кејн од Тотенхем со пет голови за Англија и Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед со четири за Белгија.

Шпанската Ла Лига го има Кристијано Роналдо со четири голови за Португалија, Диего Кошта со три за Шпанија и халфот на Виљареал – Денис Черишев, со три погодоци за Русија.

Играчите во француската Лига 1 имаат девет голови, за еден повеќе од конкурентите во германската Бундеслига. Италијанската Серија А е следна на листата со седум постигнати голови.

loading...