Економската и трговската соработка меѓу двете наши земји континуирано се проширува, нагласи на денешната средба со медиумите кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на која беа претставени активностите на Амбасадата за 2020 година.
Тој не кажа конкретно какви инвестиции планира неговата земја кај нас во наредниот период, но потсети дека со кредити од Кина со ниска камата бил официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип, но и дека бил завршен најтешкиот дел од тунелот на автопатот Кичево-Охрид.
„Минатата година бројот на кинески туристи кои ја посетиле Македонија достигна 14.000 луѓе. Трговскиот обем меѓу двете наши земји достигна околу 650 милиони американски долари, и со ова Кина останува најголем трговски партнер на Северна Македонија надвор од Европа“, појасни кинескиот амбасадор.
Според него 2020 е важна година за Кина да ја продлабочи прагматската соработка со Република Македонија. Се надева дека двете страни ќе продолжат да ја продлабочуваат политичката меѓусебна доверба.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



