Интригантниот остров на оргиите: Развратниот маркиз уживал да ја гледа својата сопруга со помлади мажи

604

Ненаселениот остров Заноне, кој се наоѓа во Тиренското Море меѓу Рим и Неапол, интригира со својата убавина, но и со мистериите.

Го нарекуваат „Остров на оргиите“ поради италијанскиот маркиз Касати Стампи, кој во 1970- те години во својата вила на островот организирал разуздани забави, кои ги посетувале многу познати личности од тоа време.

Припадници на аристократијата и милионери би доаѓале на островот со своите јахти, а потоа со своите домаќини би се препуштале во оргии, чија увертира биле забавите под маски.

Касати бил воајер. Обожавал да ја гледа својата сопруга Ана Фаларино, некогашна старлета, со други, главно помлади мажи.

Наводно ѝ допуштал сè освен да се вљуби во своите партнери. Декаденцијата траела сè додека не ја фатил со љубовник при ненадејна посета на нивниот стан во Рим.

Тогаш во јавноста испливале најсочните детали кои маркизот педантно ги бележел во неговиот дневник со зелени сатенски корици, а пронајдена е и богата архива на експлицитни фотографии од неговата сопруга.

„Сите знаевме што се случува таму, но за тоа никому не му се зборуваше“, изјавил за CNN туристичкиот водич Рикардо Пеци, кој живее на блискиот остров Понза.

Маркизот лично ги одбирал мажите со кои неговата сопруга ќе води љубов: сите биле млади, згодни и од понизок социјален сталеж, честопати и поединци од зад решетките.

Ана, Масимо и маркизот

Оваа тајна траела до 1970 година, кога Ана на забава го сретнала Масимо Миноренти, кој исто така бил желен за публицитет. Маркизот веднаш им организирал средба.

Ана ја продолжила врската со Макс, но маркизот веќе не бил креатор, не ја контролирал ситуацијата. Во напад на бес и љубомора, маркизот ги убил Ана и Масимо, а потоа се самоубил. Ова убиство се смета за еден од најголемите криминални случаи и скандали во италијанската историја.