Неколку лаги за се*сот кои вредат само во филмовите за возрасни

589

Додека гледате филмови за возрасни, треба да имате на ум дека поминуваат и многу нереални сцени кои всушност не го прикажуваат сексот во вистинско светло.

Преполни се со фантазии кои во реалниот свет не вредат, а во продолжение неколку најчести лаги во филмовите за возрасни.

Секоја жена доживува оргазам секогаш

Неточно. Сосема е нормално да не го доживеете врвот за време на сексуалниот однос. Во крајна линија, поентата на сексот не е само во оргазмот. Сексуалниот однос исто така е средство за зближување на партнерите во емотивна смисла, а не само во физичка и тоа може да биде одличен начин за интимно поврзување и без оргазам.

Сексот мора да трае барем половина час

И сексот набрзина може да биде добар. Кога сте одморени и имате време, сексот може да биде неколку-часовно уживање, но траењето всушност воопшто не е важно доколку двајцата сте задоволни.

Жената пред сексот секогаш е совршено депилирана

Не дозволувајте влакната да ви бидат препрека во сексот, бидејќи во реалниот живот повеќето жени не се беспрекорно депилирани и мазни во секој момент. Често сме опседнати со влакната, бидејќи мислиме дека поради нив ќе му бидеме помалку привлечни на партнерот, но ним всушност не им е грижа за тоа и воглавно не ги забележуваат.

Сексот насред работното место во канцеларија е сосема прифатлив

Или секс во ресторан, парк, теретана… Сепак не е примерно да им се препуштате на страстите на јавни мста, каде речиси е неизбежно некој да ве види, или барем да ве слушне.

Добриот секс е многу гласен

(Пре)гласното викање кое го слушаат и вашите соседи не е неизбежен знак за добар секс. Често станува збор за добра глума. Кога уживате во сексот, слободно тоа гласовно “покажете“ му го на партнерот, но немојте да мислите дека задолжително мора да бидете многу гласни и да го охрабрувате со викање на секоја секунда. Правете го тоа природно, тогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.