Тања Савиќ во солзи: „Имаше девојка која во мое име ги потпиша документите со кои ми ги зема синовите“

565

За време на гостувањето во една ТВ-емисија, фолк-пејачката Тања Савиќ се расплака додека раскажуваше како нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ успеал пред една година да ѝ ги однесе синовите во Австралија, и оттогаш ги нема видено.

Избега! Јас никогаш немаше да ги пуштам, моите две момчиња се моето најголемо богатство, немаше да дозволам. Тој ми го направи тоа зад грб, веројатно поради стравот од коронавирусот. Тој секогаш гфледа само за себе, а не за сите нас. Веројатно мислел како да се заштити себеси и затоа побрза да избега. Имаше девојка, која е наш домашен пријател, и која во мое име ги потпиша документите бидејќи имаме сличен ракопис, јас веднаш препознав“, откри пејачката за време на гостувањето, и се расплака пред камерите, додавајќи:

Ги немам видено речиси една година. Имам судење на 12-ти и се надевам дека ќе биде во моја полза. Силна сум. Ова е моментално, мислам дека хормоните се виновни, емотивна сум деновиве, но океј сум, затоа што децата ги носам во душата и тие се постојано со мене“, раскажа Тања.