Инцидент во Србија: Упадна со автомобил во мигрантски камп и порача – не сакам мојата девојка да ја напаѓаат мигранти, не сакам муслиманска држава!

693

20-годишниот Ф.Р. од српски Обреновац е уапсен откако со својот автомобил упадна во Прифатен центар за мигранти во градот.

Тој упадна во кампот кој го обезбедува српската војска, а видеото го пренесуваше во живо на својот профил на Фејсбук.

„Не сакам мојата девојка да ја напаѓаат мигранти, не сакам муслиманска држава, не сакам мојата војска да ги чува во мојот град. Не сакам во мојот град да гледам луѓе кои бегаат без причина, не сакам да го трпам ова, казната ќе биде голема“, извикуваше 20-годишниот Ф.Р. додека се возеше со автомобилот низ мигрантскиот камп.

Тој истакна дека сака да го изрази своето незадоволство кон мигрантите кои се доселени во Обреновац.

“N1” пренесува дека при влегувањето со автомобилот ја пробил жичената ограда. За среќа никој не бил повреден, а дечкото со автомобилот конечно сопре пред војниците. Набрзо била повикана полиција и тој бил уапсен.