Турските власти покренаа истрага откако во Измир беше хакиран системот преку кој се повикуваше на молитва, па така вчера вечер од минарињата на неколку џамии можеше да се слушне италијанската антифашистичка песна „Чао Бела“.
Таа песна се емитуваше наместо повикот за молитва кој се слуша од џамиите пет пати на ден.
Локалниот огранок на турските власти надлежни за верски прашања го потврдија овој инцидент и најавија отворање на внатрешна истрага и доставување извештај до полицијата.
„Бела Чао“ се емитуваше откако „непознати лица извршиле саботажа и нелегално го хакирале системот за повик на молитва“, се вели во соопштението.
İlginç zamanlar yaşıyoruz. Camii minaresinden Çav Bella dinliyoruz. ? pic.twitter.com/ueiUHnHND1
— villelune (@villelune) May 20, 2020
Обвинителството во Измир отвори истрага за инцидентот, во кој ќе бидат вклучени корисници на социјалните мрежи осомничени за „негирање на верските вредности“. Портпаролот на владејачката партија, Омер Челик, остро го осуди инцидентот на Твитер и изјави дека сторителите ќе бидат пронајдени.
Инцидентот се случи во екот на светиот месец, кога се празнува големиот муслимански празник Рамазан, во време на постот и во моментот кога џамиите биле затворени поради пандемијата на вирусот корона.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















