Имате занает или диплома и работодавач – можете во Германија

0
475

Секоја година престој им се одобрува на повеќе од 100.000 странци, но и покрај тоа, Германија во изминатите децении не се сметаше себеси за доселеничка држава.

Germany

Од почетокот на следната година, тоа треба да се промени. Пристигнувањето на работници од земјите кои не се членки на ЕУ ќе биде олеснето благодарение на новиот закон за доселување на квалификувана работна сила кој моментално се наоѓа во собраниска процедура.

Ако овој закон стапи на сила, секој што има договор за работа и професионална квалификација за одредена позиција ќе може да дојде и да работи во Германија. За разлика од сега, повеќе нема да биде потребно да се провери дали некој германски граѓанин или граѓанин на ЕУ има првенство при вработување. Тоа значи дека секој кој има некаква квалификација и работодавач – може да дојде да работи во земјата, пренесува DW.

Исто така, како што пишува порталот b92, во Германија може да се дојде и без договор за вработување, но само на шест месеци со цел на лице место странскиот државјанин да пронајде вработување.

За тоа време, странскиот државјанин мора самостојно да се издржува. Досега тоа право го имаа само странци со факултетска диплома, а од следната година тоа ќе можат да го прават сите кои поседуваат било каков степен на професионално образование.

Инаку, на германската економија и фалат околу 1.2 милиони работници, а тој недостаток е најпроблематичен во здравствениот и градежниот сектор.

Новите регулативи, исто така, би требало да го решат и проблемот на барателите на азил, кој во моментов можат да останат во земјата само привремено, додека не заврши конфликтот во нивната матична земја. Тие би требало да добијат шанса да го легализираат својот статус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here