Ноќеска околу 02.45 часот на балкон на првиот кат од куќата сопственост на Ј.Ч. (25) на ул.„Коле Канински“, општина Бутел, непознато лице фрлило непозната експлозивна направа која експлодирала. Од експлозијата била оштетена балконската врата, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.