Има 125 години, готви и шета 3 километри дневно: Ова е тајната на неговата долговечност

369

Според биолозите, долговечноста е просечен животен век очекуван во идеални услови, а истите можат да се разликуваат од личност до личност.

Некои можат да кажат дека е важна генетиката, но дури и доколку вашите претци не живееле долго, тоа не значи и дека вие ќе живеете колку што живееле тие. Генетиката може да ви пружи најмногу 30% од очекуваното траење на животот.

Останатите фактори се под ваша контрола како што е исхраната и начинот на живот.

И додека многу стогодишници тврдат дека исхраната, физичката активност и здравиот стил на живот допринеле за нивната долговечност, има и такви кои целосно ги побиваат тие теории.

Еден од нив е и 125-годишниот старец од Либан, Сулиман Ал-Мул кој патем секојдневно пуши цигари веќе 40 години. Тој е енергичен и подвижен, готви, цепи дрва, шета 3 километри дневно и има 7-годишен син.

Два пати бил во брак – неговата прва сопруга починала по 70 години живот, со која имал седум деца, а сега живее со втората сопруга.

Неговиот совет за здравје и долговечност е дека треба да се консумира здрава и квалитетна храна, со цел да избегне она што е нездраво, како и дисциплина.

“Тајната е во разновидната и квалитетна исхрана. Јадам колку што ми е потребно. Одбегнувајте храна која содржи непознати состојки и масла кои се произведени на пазарот. Чистото маслиново масло, медот и козјиот путер се еликсир за добро здравје и долг живот”.

Чај за долговечност

Уште една тајна на 125-годишниот Ал-Мул е неговиот “магичен” чај за кој тврди дека може да ги оживее и мртвите.

Рецептот за овој чај е едноставна мешавина од рогач, тимјан, киноа и анис.