Роднина на кралицата Елизабета во центарот на скандал: Принц “продавал” пристап до Путин?

144

Од канцеларијата на принцот инсистираат дека тој “немал посебна врска со Путин” и дека немал контакт со него или неговиот тим уште од 2003-та година, кога се сретнале последен пат.

Роднината на кралицата Елизабета Втора, принцот Мајкл од Кент, е обвинет дека бил подготвен да го искористи својот статус и за пари да овозможи пристап до тимот на рускиот претседател Владимир Путин, јавува “Guardian”.

Принцот, наводно, им рекол на новинарите кои лажно се претставиле како инвеститори од Јужна Кореја, дека би можел да работи за нив за 10.000 фунти дневно, за да им овозможи доверлив контакт со рускиот претседателски тим.

На снимката наводно се слуша како Мајкл ги понудил своите услуги, а за возврат побарал 200.000 долари во текот на он-лајн состанокот и бил подготвен да ја користи својата куќа во Кенсингтон палас како база за говорот во кој би ја промовирал лажната јужнокорејска компанија.

Неговиот пријател, Сајмон Ајзекс, подоцна го опишал Мајкл како неофицијален кралски амбасадор за Русија.

Пинцот Мајкл ги негирал овие тврдења, изнесени во документарецот “Dispatches” на Канал 4, направен во соработка со “Sunday Times”.

Репортерите се претставиле како службеници од измислената компанија “House Haedong” и пришле на петмина членови на кралското семејство со истата понуда.

“Долго не се во контакт тој и Путин”

Од канцеларијата на Мајкл инсистирале дека тој “немал посебна врска со Путин” и дека немал контакт со неговиот тим или со него од 2003-та година, кога последен пат се сретнале.

Блискиот роднина на кралицата не добива пари од државата и заработува како директор на приватна консултантска компанија. На него исто така во тајност му пришле и со понуда да работи за измислена руска компанија која работи со злато.

На настан на кој бил промовиран рускиот боречки спорт самбо, се зборувало и за можноста подоцна лично да се запознае со Путин, се тврди во документарецот.

Во тајно снимениот разговор, Ајзекс рекол дека доколку принцот Мајкл ја претставува корејската компанија, би можел и директно да разговара со Владимир Путин.

“Знаете, тоа само ја отвора вратата, тоа е многу корисно. Тука зборуваме тајно, бидејќи не и сакале целиот свет да знае дека Мајкл се гледа со Путин исклучиво од деловни причини, ако ме разбирате”, рекол Ајзекс, опишувајќи го принцот како “неофицијален амбасадор на Кралицата за Русија”.

Од канцеларијата на принцот Мајкл навеле дека тој не добива никакви државни пари, дека 40 години заработува од својата компанија и дека нема посебни односи со Путин.