На глумецот му се заканува затворска казна од 5 години: “Тоа беше само флерт, ништо повеќе”

0
104

Американскиот глумец Кевин Спејси денес се изјасни пред судот во Нантакет, Масачусетс дека не е виновен за сексуалното злоставување на 18 годишното момче во 2016 година.

Тоа беше првото појавување на Спејси пред суд откако се појавија обвиненијата кон крајот на 2017 година за бројните наводни сексуални злоставувања на момчиња. Судијата Томас Барет му наредил на Спејси да се држи подалеку од момчето и неговото семејство, поради што нема да мора да се појави на наредното сослушување закажано на 4 март, но ќе мора да биде телефонски достапен.

Истовремено, судијата му нареди на момчето кое го обвини Спејси и неговата тогашна девојка да ги сочува текстуалните пораки и други податоци на мобилните телефони забележани тој ден кога дојде до наводно сексуално вознемирувње, како и податоци забележани шест месеци после инцидентот.

Спејси не говореше за време на сослушувањето, а после напуштањето на судницата тој и адвокатот одбиле да дадат изјави.

Како што пишува во судскиот извештај, адвокатите на Спејси обвиненијата ги нарекоа лажни и рекле дека нема сведоци кои би потврдиле дека дојде до сексуално злоставување. Како што наведуваат, момчето лажеше за годините, го прифатил пијалакот од Спејси и излегол со него за да испушат цигара, после што си размениле броеви што може да се опише како “меѓусебен флерт, ништо повеќе”.

Доколку судот го прогласи за виновен, Спејси би можел да добие затворска казна од 5 години. Американскиот глумец е еден од десетте мажи во филмската индустрија кои се обвинети за сексуално злоставување во пресрет на движењето #MeToo.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here