Илон Маск за колонизацијата на „Црвената планета“: „Тоа е опасен потфат, може да има и мртви“

778

Милијардерот Илон Маск предупредува на опасноста од големата вселенска авантура.

Сопственикот на компанијата „SpaceX“, Илон Маск, сериозно планира еден ден да го колонизира Марс.

Ексцентричниот милијардер не гледа проблем во заминувањето на Црвената планета, туку во шансите луѓето да преживеат во нејзиното сурово опкружување.

Маск оваа седмица зборувал за разојот на „Starship“ ракетата, но и можноста за градење на база на Марс. Тој истакнал многубројни опасности кои што се кријат во длабочината на вселената.

„Ова е многу опасен потфат. Не е за секого. Постои голема шанса да настрадате. Но, успехот би бил величествен“ – изјавил тој.

1.000 ракети за милион луѓе

Да ве потсетиме, Маск по успешното враќање на американските астронаути од Меѓународната вселенска станица, ги насочил ресурсите во завршувањето на „Starship“ проектот.

Клучот во остварувањето на неговиот сон за колонизација на Црвената планета лежи во споменатата ракета и нејзините системи.

Многубројни тестови се спроведени во „SpaceX“ базата во Тексас, а според проценките на Маск компанијата мора да произведе 1.000 ракети во период од девет години, за да може да испрати милиони луѓе на Марс.

„Добро напредуваме“ – кратко прокоментирал во текот на конференцијата „Humans To Mars“, пренесува „CNBC“.