Германскиот производител го претстави својот нов купе-кросовер кој ќе биде наменет за кинескиот пазар.
Првите официјални фотографии од Volkswagen Tiguan X пристигнаа од Кина, а на нив се гледа најскапата R Line верзија.
Автомобилот е заснован на стандардниот Tiguan, а ознаката Х значи дека новиот модел добива покрив кој постепено се спушта кон завршетокот на каросеријата, што е типично за сите купе-кросовери.

На фотографиите е претставена најскапата верзија на Tiguan X со 2.0 TSI мотор кој развива 220 коњски сили и 380 Nm максимален обртен момент.
Силата се пренесува на сите четири тркала со помош на 7-степенскиот DSG менувач со двојно квачило и 4Motion системот на Volkswagen. Покрај него, на располагање е и 2.0 TSI со 186 коњски сили и 330 Nm максимален обртен момент.

Volkswagen Tiguan X е развиен во Кина во заедничката кинеско-германска компанија SAIC-VW. Во продажните салони во оваа земја ќе пристигне до крајот на оваа година, а овој прекрасен модел за жал најверојатно ќе остане само кинеска ексклузива.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























