Силвио Берлускони, лидер и сопственик на партијата Форца Италија, поранешен италијански премиер, синоќа беше примен во болницата во Сан Рафаеле во Милано, бидејќи неговата состојба се влоши откако беше откриено дека е заразен со коронавирусот.
Неговиот личен лекар, Алберто Зангрило, рече дека неговата состојба е полоша, односно дека му е дијагностицирано воспаление на двете белодробни крила.
Според весникот „Ил Фато Ктидијано“, Берлускони дошол во болница со автомобил и наводно одел без никакви проблеми.
Како што се наведува, заразена е и неговата девојка Марта Фашина, која остана дома во двонеделен карантин, а позитивни се и неговата ќерка Барбара и синот Луиџи. Берлускони во едно телевизиско интервју пред да биде хоспитализиран изјави дека никој не треба да се обвинува бидејќи секој може да се зарази.
Во следните денови беа планирани предизборни митинзи на кои требаше да учествува и Берлускони, но сега сè е откажано.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



