Била киднапирана и продадена на 14 години како сексуална робинка. Конечно добила можност да се соочи со својот киднапер, припадник на ИСИС.
Емотивниот момент во кој Ашвак Хаџи Хамид се скршила станал вирален.
Стоејќи пред својот злоставувач барала одговори, додека заробениот милитант стоел со наведната глава, одбивајќи да ја погледне својата жртва во очи за време на средбата.
“Зошто ми го направи тоа?”, прашала таа на видео-снимката која ја снимила една ирачка телевизија, барајќи од својот злоставувач да ја крене главата и да се соочи со неа.
“Ми го уништи животот. Се ми зема. Се за што сонував”, рекла видно потресена.
مشهد يهز المشاعر .. الايزيدية أشواق حجي تواجه مغتصبها الداعشي بعد خمس سنوات، وهو عراقي الجنسية، الذي استعبدها لفترة طويلة وتعرضت على يده لأبشع أنواع الانتهاكات الجسدية والنفسية حينما كانت بعمر 14 سنة.
#الابادة_الايزيدية pic.twitter.com/YRCznNtZKX
— Yazidi الايزيدية (@Ezidi2) November 30, 2019
Пред оваа средба, Хамид храбро раскажала дека била меѓу 300-400 девојчиња и жени од племето Јазиди кои биле продадени како робинки откако илјадници мажи биле убиени од терористите на ИСИС на планината Синџар во 2014-та година.
Хамид се потсетила дека милитантот наречен Абу Хаман ја купил на пазар за робови во Мосул во Ирак. Како робинка знаела дека ќе биде силувана и тепана неколку пати во еден ден.
“Сега знаеш што е мачење, што осаменост. Да имаше било какво чувство, немаше да ме силуваш кога имав 14 години. Имав години колку и твојот син, твојата ќерка”, продолжила таа, пред конечно да се онесвести и да падне на земјата пред својот мачител врзан со лисици.
Хамид побегнала во Германија во 2015-та година и почнала да гради нов живот. Меѓутоа, била принудена повторно да се соочи со својата траума кога налетала на Хаман на една улица во Штутгарт.