Тамара Тодевска има доста активен и возбудлив период, како на приватно, така и на професионално поле.
Неодамна беше во Шпанија, потоа во Италија, а ја доби и наградата за најдобар евровизиски вокал.
Тамара дефинитивно не мирува! Таа деновиве ги изненади своите бројни обожаватели со новата фотосесија која е во изработка, а за истата изгледа како вистинска дива.
ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСТАГРАМ
Тамара преку неколку куси „стори“ видеа на Инстаграм долови каква беше атмосферата на снимањето, а од приложеното ги изненади сите со неколкуте стилски трансформации во кои ќе ја видиме наскоро.

Моќна, сексапилна, самоуверена и полна со самодоверба од секоја поза пред фотообјективот, а тоа секако го забележаа обожавателите и пријателите кои и порачаа дека изгледа светски.
Видеото со кое ги заинтригира сите за само неколку часа има повеќе од 12 илјади прегледи, а како ќе изгледа пејачката во финалниот резултат од тимската работа, останува да видиме…
Извор Вистина.мк




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































