Фејсбук статус на Илија Димовски:
Ниту една македонска државна институција не се произнесе (да поздрави, поддржи, коментира,…) за потпишаните документи во Вашингтон за прашањето на односите помеѓу Косово и Србија.
Нашата држава се произнесе за Венецуела, Северна Кореја, демократијата во Полска, но не и за прашања поврзани со Србија и Косово (две држави наши соседи со кои имаме најразвиена економска соработка и размена).
Долг е списокот на институции и државни функционери кои треба, можат, или често го правеле тоа, да кажат став и да коментираат ваков чин од висок државен интерес и за Македонија, а сега не го сторија тоа:
– Претседател на РМ;
– Претседател на Собрани на РМ;
– Влада на РМ;
– Претседател на Влада на РМ;
– Министер или Министерство за надворешни работи;
– други министри кои раководат со политички ресори (одбрана, европски,…), но во конкретен случај и економски ресори (транспорт, економија,…).
Се забележува и дека ниту една поголема и сериозна политичка партија, формално и суштински, не го искоментира овој важен момент од високо значење за регионалната состојба и стабилност на Балканот и во најблиското наше опкружување.
Што е значајно да се каже за нашата државна позиција:
1. Ова прашање не треба да го гледаме низ призма на сентимент за било која од двете страни, туку исклучиво и единствено низ призма на интересот на Република Македонија и интересот на сите нејзини граѓани;
2. Наш интерес во регионот да има трајна стабилност и предвидливост;
3. Интерес на Република Македонија е да нема решавање на спорови со било каква промена на граници;
4. Наш интерес е да нема воени конфликти на било која од нашите граници заради опасност огнот да се прошири кон нас;
5. Интерес на Република Македонија е да се инвестира во инфраструктура, транспорт, трговија и економија било каде во нашето соседство, затоа што така и ние стануваме конкурентни.
Од тука навистина не ми е јасно зошто ниту една државна институција, функционер и политичка партија не одмери дека е потребно да каже и прокоментира:
Го поздравуваме одговорниот однос и приодот на Република Србија и Република Косово кон меѓусебните односи, а за нас е битно да нема воени и територијални решенија за проблемите на Балканот, ја поддржуваме економска соработка и инфраструктурни инвестиции. Толку. Толку требаше.
Ниту една македонска државна институција не се произнесе (да поздрави, поддржи, коментира,…) за потпишаните документи…
Gepostet von Ilija Dimovski am Montag, 7. September 2020








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)









![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










