Хрватски квиз: Кој народ во Европа е Татарски?! (Видео)

1419

Среде бугарските условувања на евроинтеграцијата на Македонија со оспорување на македонскиот идентитет, во квизот „Кој сака да биде милионер“ на Хрватската телевизија падна занимливо прашање.

„Кој народ е наречен по татарскиот народ кој ги покорил Словените, основал своја држава и набргу целосно се словенизирал“, гласеше прашањето со можни одговори „Бугарите“, „Чесите“ и „Полјаците“.

Водителот Тарик Филиповиќ по одговорот со духовит коментар: „Знаете што има ново? Бугарите влегоа во Софија“.