Чудо од билка: Штити од појава на рак и тумор и ги чисти дишните патишта

1007

Иако долго време успешно се користи во народната медицина, многумина сè уште не се запознаени со лековитите својства на ориганото.

Некои билки во процесот на сушење губат дел од своите нутритиенти, но тоа не е случајот со овој зачин – тој во сушен облик ги задржува сите свои благотворни својства и има уште поинтензивен мирис и арома.

Освен што содржи богатство од антиоксиданси, ориганото изобилува со влакна кои ја поттикнуваат дигестијата и со омега-3 масни киселини кои го чуваат здравјето на срцето.

Ориганото е одличен извор на витамин А кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем, Ц и Е кои ги чуваат клетките и витаминот К кој спречува затнување на крвните садови. Од минералите содржи цинк, манган, железо, магнезиум, калиум, калциум и бакар.

Билката е позната по своите антибактериски и антивоспалителни својства, а благодарение на карвакролот, маслото од оригано има антимикробни својства.

Во продолжение, дознајте кои се неговите големи здравствени придобивки.

Има антиканцерогени својства

Ориганото содржи тимол и рузмаринска киселина – моќни антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали. Поради големото ниво на полифеноли, флавоноиди и антоцијанини, редовната консумација на чај од оригано помага во превенција од појава на рак и тумор.

Ја ублажува астмата, кашлицата и грипот

Доколку имате астма, инхалацијата со чај од оригано може да го ублажи овој здравствен проблем. Пареата од овој чај ги прочистува носните канали и ги чисти синусите.

Ориганото има антивирусни својства кои ги олеснуваат тегобите предизвикани од инфекции на дишниот систем. Маслото од оригано го чисти и детоксицира организмот, а со тоа се намалува и лачењето на слуз кое настанува како резултат од инфекциите.

Делува како природен аналгетик

Чајот од оригано ги ублажува болките во телото бидејќи делува како природен аналгетик. Тој го смирува нервниот систем и помага кај непријатните мигрени кои се пропратени со чувство на мачнина и повраќање.