Идејата за територијална размена за Србија и Косово не треба да биде отфрлена веднаш и покрај опасностите во регионот и вон него, смета еврокомесарот за проширување на ЕУ и добрососедство Јоханес Хан.
– Во оваа етапа ние би требало да им дозволиме на двете страни да ја разгледаат оваа и други идеи и со поддршка на ЕУ да преговараат за нив, изјави Хан за германскиот весник „Велт“ пред денешните разговори во Брисел.
Хан додаде дека сфаќа оти тоа е „емотивен процес“, но ги отфрли стравувањата дека промени на границата би можело да доведат до некаков вид етничко прегрупирање
– Тоа нема да се случи, истакна тој.
Еврокомесарот изрази увереност дека „владите на Србија и на Косово ќе работат одговорно“ и додаде дека секој договор ќе добие меѓународна поддршка само ако ги исполни регионалните барања и донесе повеќе стабилност во регионот.













![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)




















![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-100x70.jpeg)


