Британците со „Астра Зенека“ вакцинираа 18 милиони луѓе: Забележани се само 30 случаи на згрутчување на крвта

406

Британските регулатори вчера соопштија дека досега се идентификувани само 30 случаи на создавање на згрутчување на крвта после вакцинирањето на 18 милиони луѓе со вакцината на „Астра Зенека“, односно 25 повеќе во однос на претходните извештаи.

Британските регулаторни тела на 18-ти март известија за пет случаи на згрутчување на кртва на 11 милиони искористени дози.

Вчера беше известено за 22 случаи на создавање на згрутчување на крвта во мозокот и осум останати случаи за создавање на крв со многу низок број на тромбоцити на 18,1 милиони дози на вакцина.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи изјави дека нема примено такви извештаи после користењето на вакцината против коронавирусот на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бајонтек“.

Британските здравствени власти и натаму веруваат дека користа од вакцините во превенцијата од заразувањето со коронавирусот ги надминува сите ризици од создавањето на згрутчување на крвта.

Некои држави ја ограничија употребата на вакцината на „Астра Зенека“, додека останатите продолжија со користење. Извештаите за ретките појави на згрутчување на крвта кои се појавиле кај некои лица по примањето на вакцината и натаму се испитуваат.