Грците не го почитуваат кодот МКД, не пишаа НМК

1127

Натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Холандија вчера на грчката национална телевизија беше пренесуван со кратенката НМК-НЕД.

 

Според Преспанскиот договор кратенката НМК, од North Macedonia, важи само за регистерските таблички, но за сите останати намени кодот останува МКД и МК.

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). 

Претходно, УЕФА ги отфрли грчките поплаки за името на Фудбалската федерација на Македонија и дресовите на македонските репрезентативци.