Водителката Наташа Павловиќ: „На 16 години поминав низ траума од која не оздравев ни ден денес“

748

Водителката на „Практична жена“, Наташа Павловиќ искрено откри низ што поминала во најлошиот период од нејзиниот живот.

Наташа од 16 години избегала од Загреб во Белград, а истакна дека за неа тоа било најтрауматично искуство кое го памети и ден денес.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Се сеќавам, но за жал по лошо. Тоа ми беше најтрауматичен период во животот. Бев средношколка која мора да си оди од својот град. Дојдевме како беглаци, без ништо, и мислев дека ќе се вратиме во својот роден крај, покрај своите пријатели, а одеднаш бевме оделени од светот и ми стана јасно дека нема враќање. Тоа ми е најболна траума од која долго време оздравував и се уште не оздравив“, вели Наташа.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Имав најубаво детство на светот, баш како и сите деца во тоа време. Немавме ни повеќе, ни помалку од другите, но бевме среќни. Пораснав во семејство полно со љубов, со родители, брат, баби, пркерасни другарки….Секогаш велам дека никогаш не би си заминала од Загреб, но ете, се случи тоа што се случи и се тоа е многу трауматично за мене“, истакна водителката.