Градежно лудило во Скопје – отворате прозорец и дома сте кај соседите

182

Отворате прозорец и дома сте кај соседите. Меѓу илјадниците нови згради кои никнуваат низ Скопје ова не е ретка појава, па така и во Тафталиџе“ се гради нов објект кој се коси со многу урбанистички правила и прописи.

Како овој проект добил амин и дозвола да биде изграден од Општина Карпош, е прашање кое сега е доцна да се постави. Зградата чии балкони се веднаш до оние на соседната зграда, веќе ги има своите ѕидови.

Иако беше ветено во предизборието, оваа влада не го стави ред, туку го надгради градежното лудило.