Дона Финеган Вајт (44) доаѓа од Свиндон, Англија, која инаку е мајка на две деца се разбуди после двојната мастектомија со силикони во дојките, кои не ги побарала, ниту на таа интервенција се согласила. Ова сепак не е единствената грешка која ја направија нејзините доктори.
На Дона ѝ е дијагностициран рак на слезината, што е ретка форма на рак а таа вест ја примила откако направила двојна мастектомија, а подоцна ѝ биле ставени и силикони без нејзина согласност.
Иако поради оваа грешка на докторите добила 10.000 фунти, таа одлучила да ја тужи болницата Грејн Вестерн бидејќи веќе втор пат прават грешка во нејзиниот случај. Имено, тие не успеале да установат дека има рак на слезината.
“Направија грешка во мојот случај, не еднаш, веќе два пати”, огорчено зборува Дона.

Таа се одлучила на мастектомија со цел да го намали ризикот од појава на рак на дојките. Била оперирана во октомври 2014 година, откако на нејзината мајка, но и тетка им била дијагноститицирана оваа болест.
Портпаролот на болницата Ирвин Мичел рекол дека Дона треба да добие привремени импланти, но ѝ биле ставени субмускулни импланти во дојките, за кои не потпишала согласност.
“Очекував после операција да излезам од болницата со намален ризик за добивање на рак на дојка и без трајни импланти. На тоа се согласив”, рекла таа и потоа додала дека се случило спротивното и дека поради тоа е многу вознемирена.
Дона, која има син и ќерка, после операцијата се соочила со бројни компликации како отекување на дојките и психички проблеми.
После две години повторно се вратила на операцискиот кревет и ѝ биле извадени силиконите. Имала уште една итна интервенција за да можат докторите да ја отстранат згрутчената крв која се собрала како последица на отстранувањето на импланти, што можело да ја убие.
“Имаме голема доверба во докторите и медицинскиот персонал, ослонувајќи се на нивната стручна нега. Се чувствувам сосема изневерено и луто поради “негата” која ја преживеав”, истакна Дона, која додаде дека докторите мора да се придржуваат до желбите на пациентите и не смеат ништо да прават на своја рака и без нивна согласност.














![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Руски генерал убиен во Москва](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/3W5xK-moskva-1-logo-federalna-sluzba-za-bezbednost-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)












![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-100x70.png)



