Деновиве во Бејрут, Либан, се одржа изборот за убавина “World Next Top Model 2018” , а боите на Македонија ги претставуваа манекенките Симона Станковска од Скопје и Елена Петреска од Прилеп.

И двете убавици назад се вратија со освоени титули, Елена е Мис за Европа, додека, пак, Симона е петта придружничка. Изборот се одржа во големото студио на MTV Leabon во Бејрут, учество земаа 35 девојки од цел свет, а победничка е претставничката на Русија.

Инаку, нашите две мисици се членки на модното студио Црнокрак кое ја поседува и лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели, а благодарение на освоените титули веќе потпишаа и договори за работа како модели во Либан и уште неколку држави.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















